Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија
- Украинските сили во текот на ноќта и утринава извршија серија напади со дронови во неколку руски региони, пренесе Еуроњуз повикувајќи се на украински медиуми.

Киев, 9 март 2025 (МИА) – Украинските сили во текот на ноќта и утринава извршија серија напади со дронови во неколку руски региони, пренесе Еуроњуз повикувајќи се на украински медиуми.
Голем број експлозии се регистрирани во Рјазанската и Ростовската област, јави УНИАН, повикувајќи се на извештаи од руски канали на Телеграм.
Како што е соопштено, руската воздушна одбрана дејствувала во областа на металуршкиот комбинат Новолипецк. Најмалку седум експлозии се слушнале во градот Липецк.
Гувернерот на руската Рјазанската област соопшти дека руските сили за воздушна одбрана наводно уништиле дрон над Рјазан. Според првичните информации, нема повредени, а не се оштетени станбени згради и објекти од социјалната инфраструктура. Службите за итни случаи работат на местото на урнатините. јт/