• четврток, 26 март 2026

Украинската војска нападнала руски рафинерии за нафта во Краснодар и Самарската област

Украинската војска нападнала руски рафинерии за нафта во Краснодар и Самарската област

Киев, 30 август 2025 (МИА) – Украинската војска денеска соопшти дека во текот на ноќта нападнала руски рафинерии за нафта во Краснодарскиот крај и Самарската област.

Во соопштението се наведува дека се забележани експлозии и пожар во рафинеријата за нафта во Краснодар, која, како што се прецизира, годишно произведува три милиони тони нафтени деривати, бензин, дизел и авионско гориво, пренесува Укринформ.

Исто така, дошло до пожар во областа на рафинеријата за нафта во Сизрањ во Самарската област, која до август имаше капацитет за преработка од 8,5 милиони тони годишно, соопшти украинската војска. јт/

Фото: Министерство за одбрана на Украина

Остани поврзан