• вторник, 18 јуни 2024

Украина тврди дека уништила еден од најнапредните руски воени авиони СУ-57

Украина тврди дека уништила еден од најнапредните руски воени авиони СУ-57

Киев, 9 јуни 2024 (МИА) – Украина денеска соопшти дека нејзините сили погодиле ултрамодерен руски воен авион стациониран во воздухопловна база на речиси 600 километри од линијата на фронтот, откако западните сојузници му дозволија на Киев да го користи нивното оружје за ограничени напади во Русија.

Главната воена разузнавачка служба на Украина сподели сателитски фотографии за кои рече дека ги покажуваат последиците од нападот. Доколку се потврди, тоа би претставувало прво уништување (иако на земја, не во акција) на борбен авион СУ-57, двомоторен „стелт“ ловец кој се смета за најнапредниот воен авион на Москва.

Според Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, нападот се случил во саботата во базата Ахтубинск во јужна Русија, на околу 589 километри од линијата на фронтот.

Засега не е јасно какво оружје е употребено во нападот, но оддалеченоста на аеродромот од Украина сугерира дека најверојатно бил погоден со беспилотни летала. јт/

Остани поврзан