Украина нeма пристап до Црно Море
- Британското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека руските сили го блокирале украинскиот брег на Црното Море, со што Украина е отсечена од меѓународната поморска трговија

Лондон, 14 март 2022 (МИА) - Британското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека руските сили го блокирале украинскиот брег на Црното Море, со што Украина е отсечена од меѓународната поморска трговија.
- Руските поморски сили воспоставија оддалечена блокада на украинскиот брег на Црното Море, ефикасно изолирајќи ја Украина од меѓународната поморска трговија, се наведува во твитот на британското Министерство за одбрана. ми/