• петок, 12 јули 2024

Украина на Крим заплени брод кој транспортирал жито

Украина на Крим заплени брод кој транспортирал жито

Киев, 11 јули 2024 (МИА) – Украина заплени брод во пристаништето Рени во Одеса поради нелегален извоз на земјоделски производи преку пристаништата на Крим кои се под руска окупација, потврди Канцеларијата на главниот обвинител на Украина.

При претресот на бродот, одземена е документацијата на бродот, системот АИС, компјутерот и документите издадени од окупациската управа на поморското трговско пристаниште Севастопол.

Капетанот на бродот, државјанин на Азербејџан, е осомничен за прекршување на процедурата за влез и напуштање на привремено окупираната територија на Украина.

Во тек е одлука за приведување на осомничениот капетан и предавање на запленетиот брод на управување на Фондот за државна сопственост на Украина, соопшти Обвинителството.

Канцеларијата на главниот обвинител нагласи дека Украина официјално ја суспендирала работата на сите пристаништа на привремено окупираната територија на Автономната Република Крим и градот Севастопол од 15 јули 2014 година.

- Продолжуваме со нашите истраги, вклучително и можен извоз на жито, веројатно од украинско потекло, од окупираниот Крим. Ја повикувам меѓународната заедница да ги зголеми своите напори во сузбивање на прекршувањата на режимот на санкции со цел да се спречи земјата агресор и понатаму да добива ресурси за да ја води својата криминална војна, изјави Главниот украински обвинител, Андреј Костина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан