• четврток, 26 март 2026

Украина и Италија разговараа за користењето на приходите од замрзнатите руски средства

Украина и Италија разговараа за користењето на приходите од замрзнатите руски средства

Киев, 11 јануари 2025 (МИА) – Претставници на Украина и Италија разговараа за можноста за користење на средствата од замрзнатите руски средства за купување системи и муниција за противвоздушна одбрана (ПВО) од италијанско производство, соопшти денеска украинското Министерство за одбрана.

За ова било разговарано на средбата меѓу украинскиот заменик-министер за одбрана Анатолиј Клочко и делегација од Агенцијата за одбранбена индустрија на италијанското Министерство за одбрана, пренесе „Европска правда“.

Нагласено е дека Клочко е запознаен со производите на италијанските одбранбени компании, како и дека се зборувало за продолжување на работата за создавање заеднички индустриски проекти. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан