Украина ги погодила руските системи за воздушна одбрана на Крим
- Украинската војска денеска соопшти дека извршила успешни напади врз руските системи за воздушна одбрана во окупираниот Крим, јави ДПА.

Киев, 12 јуни 2024 (МИА) - Украинската војска денеска соопшти дека извршила успешни напади врз руските системи за воздушна одбрана во окупираниот Крим, јави ДПА.
Ракетните системи земја-воздух биле оштетени во воздушни напади недалеку од пристанишниот град Севастопол, соопшти украинскиот Генералштаб во објава на Фејсбук.
Во нападите во текот на ноќта биле уништени и резерви на муниција, се вели во соопштението.
Гувернерот на Севастопол, назначен од Москва, Михаил Развозаев, претходно преку сервисот за пораки Телеграм изјави дека е одбиен украински ракетен напад.
Тврдењата на двете страни не можеа веднаш да се проверат. мс/
фото: МИА архива