• среда, 15 мај 2024

Укината забраната за тешки товарни возила од Крива Паланка кон ГП Деве Баир

Укината забраната за тешки товарни возила од Крива Паланка кон ГП Деве Баир

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Од 14:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“. 

Забраната за тешки товарни возила беше воведена поради врнежи од снег. 

Останува забраната за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Маврови Анови, Берово - Беровско Езеро и Тетово - Попова Шапка, односно на потегот од село Лисец кон Попова Шапка. 

Од Центарот за управување со кризи е издадена  вонредна информација за сите лица кои моментално се наоѓаат кај Беровско Езеро - да не тргнуваат на пат, а ако имаат потреба од храна и лекови да се јават на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им биде доставено што им е потребно.

Регионалните центри за управување со кризи во Берово и во Штип, во координативна оперативна комуникација преку Секторот за операции и координација, соопштија дека патот Берово-Струмица е во целосен прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја по патот. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан