• среда, 03 јули 2024

УКИМ: 103 студенти ја завршија Програмата за изучување на холокаустот

УКИМ: 103 студенти ја завршија Програмата за изучување на холокаустот

Скопје, 22 мај 2024
 
На Правниот факултет „Јустинијан Први“ вчера се одржа свечено доделување на дипломите за завршените универзитетски курсеви за изучување на холокаустот. Оваа програма се реализираше во учебната 2023/24 година со поддршка на Конференцијата за еврејските материјални побарувања од Германија од Њујорк.

На свеченото доделување се обратија деканот на Факултетот, проф. д-р Сашо Георгиевски, амбасадорката на СР Германија Петра Дрекслер и раководителот на универзитетската програма проф. д-р Мишо Докмановиќ.  

Деканот Георгиевски го изрази неговото задоволство од реализацијата на програмата како и големиот интерес на студентите. Во таа насока, тој нагласи дека 103 студенти од целиот универзитет ги следеа новите шест курсеви за изучување на холокаустот што претставува исклучителен резултат.     

Германската амбасадорка Дрекслер ја нагласи важноста на соочувањето со историјата и Холокаустот и им се заблагодари на студентите и одговорните на Универзитетот за нивниот ангажман.

Раководителот на универзитетската програма за изучување на холокаустот, проф. д-р Мишо Докмановиќ потенцираше дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е еден од двата европски универзитети кои го добија престижниот грант на Конференција на еврејските материјални побарувања од Германија – Њујорк, што овозможува реализација на програмата на курсеви во следните три академски години.

Пријавувањето за следниот циклус на програмата ќе започне во септември 2024 година.

 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Фото: УКИМ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан