ВМРО-ДПМНЕ: Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста
- СООПШТЕНИЕ - Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги
Скопје, 3 јули 2024
Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги.
На вчерашната седница владата пристапи кон предлог измени на Законот за здравствена заштита, со цел укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи.
Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста.
Со воведување на систем на еден директор, се намалуваат административните трошоци, а средствата ќе се пренасочат во подобрување на здравствената инфраструктура, зголемување на транспарентноста и отчетноста.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.