• недела, 22 декември 2024

УЕФА разгледува зголемување на бројот играчи за ЕУРО2024

УЕФА разгледува зголемување на бројот играчи за ЕУРО2024

 

Нион, 28 март 2024 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) на состанок следниот месец ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕУРО 2024 во Германија.

Според сегашните правила, секоја репрезентација може да пријави по 23 фудбалери на ЕП, а предложено е проширување бројката на 26 играчи.

Како што пренесува германската агенција Дпа, ваков предлог до УЕФА испратиле неколку репрезентации кои ќе учествуваат на завршниот турнир.

„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на членови на поединечни селекции на ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, соопшти УЕФА.

На последното Европско првенство во 2020 година, поради епидемијата на коронавирус, репрезентациите пријавија по 26 фудбалери, а 26 играчи ќе можат да се пријават и за СП 2026 во САД, Канада и Мексико. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан