• петок, 19 април 2024

Убиство во Кочани, маж нанел смртни убоди на 46-годишна жена

Убиство во Кочани, маж нанел смртни убоди на 46-годишна жена

Кочани, 25 септември 2023 (МИА) – Рано утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, средовечен маж физички нападнал 46-годишна жена, при што ѝ нанел смртни убоди од кои таа починала.

Убиството се случило пред куќата во која живеела жената, во моментот додека се подготвувала да оди на работа, а настанот го потврдија од СВР – Штип и од Општата болница во Кочани.

-Утрово околу 6:15 часот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани, 59-годишниот У.Р. ја нападнал 46-годишната Т.М. при што со нож ѝ нанел повеќе убодни рани на телото, по што таа починала. Медицинската екипа што беше повикана, констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на лице место, истакна Душанка Горгиева – Трпевски, директорка на Општата болница со проширена дејност.

Според првичните сознанија, причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Заканите биле неколкупати биле пријавувани во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани од каде жената барала заштита.

Увид во настанот извршиле екипа на ОВР - Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција. Напаѓачот е приведен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. та/мд/

фото: МИА

Остани поврзан