Уапсен туски државјанин, пронајдени два ножа, боксирач и палка
- Полициски службеници вчера на граничниот премин Табановце уапсиле турски државјанин, откако при проверка во возилото му биле пронајдени и одземени два ножа, боксирач и палка.
Скопје, 15 август 2025 (МИА) - Полициски службеници вчера на граничниот премин Табановце уапсиле турски државјанин, откако при проверка во возилото му биле пронајдени и одземени два ножа, боксирач и палка.
-Вчера во 04:05 часот на граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го приведоа К.Ц.(48) од Турција, затоа што при гранична контрола и извршена проверка на патничко возило „нисан“ со австриски национални ознаки, кое го управувал К.Ц., се пронајдени и одземени два ножа, боксирач и палка, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. фф/дма/
Фото: МИА архива