• недела, 22 декември 2024

Уапсени група крадци на ретки книги

Уапсени група крадци на ретки книги

Париз, 25 април 2024 (МИА) - Крадците кои краделе ретки први изданија на книги од класиката, од библиотеките низ Европа, од вчера се зад решетки. Се сомничат за исчезнувањето на најмалку 170 стари изданија, вредни вкупно 2,5 милиони евра и препродавање во Русија. Со тоа, книгите сега се изгубени и неповратни, според Европол.

Како што соопшти денеска Европската полиција, четворица Грузијци се приведени во Грузија и Лeтoнија. Некои од украдените книги се продадени преку аукциски куќи во Санкт Петербург и Москва. Од бараните, тројца други се уапсени во Естонија, Франција и Литванија, а уште двајца осомничени се под судски надзор во Франција. Утврдено е дека оваа група во текот на 2022. и 2023 година успеала да украде стотици ретки книги во Чешка, Естонија, Финска, Франција, Германија, Летонија, Литванија, Полска и Швајцарија. Крадците најчесто избирале книги од руски писатели, како Александар Пушкин и Николај Гогољ.

При испрашувањето на осомничените била откриена и една кражба што не е забележана претходно.

Во акцијата, спасени се и повеќе од 150 книги, што би ја имале истата судбина. Кражбите се вршени како по сценарио на филм.

Крадците влегувале во библиотека преправајќи се како „научни истражувачи“. Следи „објаснување“ дека „стручњаците“ сакаат лично да ги проверат старите дела оти „постои академски интерес“ за тоа. Сè изгледало како навистина „да ги проучуваат“ овие ретки и бесценети изданија, со мерење, фотографирање итн. Неколку недели или месеци подоцна „истражувачите“ повторно доаѓаат, барајќи ги истите книги. Но, овојпат носат фалсификувани примероци што во погоден миг ги вметнувале на местото на тукушто украдената книга. Копиите биле со исклучителен квалитет, па и потешко било да се откријат кражбите.

Имало и случаи кога крадците се решиле на погруб пристап. Тие, во тој случај, откако претходно ќе влезат и проучат предметот на кражбата, едноставно ќе упаднат во библиотеката и ќе ги земат книгите.

Меѓународната постапка почна откако Франција го извести Европол за кражбата во една од нејзините библиотеки. Потоа и други земји потврдија дека имало кражби на ретки изданија. Анализата на Европол ги поврза контактите на главните осомничени, а следи и обид да се идентификуваат потенцијалните купувачи.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан