• недела, 22 декември 2024

Тухел сака во Манчестер Јунајтед, но има еден важен услов

Тухел сака во Манчестер Јунајтед, но има еден важен услов

Манчестер, 9 октомври 2024 (МИА) - Ерик Тен Хаг го преживеа кризниот состанок на бордот на Манчестер Јунајтед, но притисокот врз него се зголемува како што одминува времето и се очекува наскоро да добие отказ, освен ако во меѓувреме не се случи чудо.

Шпанските медиуми пишуваат дека Германецот Томас Тухел е главен кандидат за кормилото на гигантот од „Олд Трафорд“, но тој веќе му поставил голем услов на раководството на „црвените ѓаволи“.

Тухел наводно е подготвен да ги преземе „ѓаволите“, но само доколку премиерлигашот ги обезбеди услугите на Роналд Араухо од Барселона, пишуваат медиумите во Англија.

Араухо допрва треба да потпише нов договор со Барселона, која инсистира дека наскоро ќе започнат разговори со дефанзивецот, додека Јунајтед во меѓувреме ќе се обиде да го ангажира, но за тоа ќе им требаат најмалку 70 милиони евра.

Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на 14. место во лигата со само осум освоени бодови по седум одиграни натпревари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан