• петок, 22 ноември 2024

Тухел во преговори за селектор на Англија

Тухел во преговори за селектор на Англија

 

Берлин, 12 октомври 2024 (МИА) – Поранешниот тренер на Баерн, Челзи, ПСЖ и Борусија Дортмунд Томас Тухел е во преговори со англиската фудбалска Федерација (ФА) за селекторската функција, јавија синоќа германските медиуми.

Герет Саутгејт ја напушти селекторската клупа откако Англија беше поразена во финалето на Европското првенство вторпат по ред: во 2021 година Англичаните загубија во финалето на Вембли од Италија, а во јули годинава беа поразени во Берлин од Шпанија.

На негово место беше назначен поранешниот селектор на младата репрезентација на Англија, Ли Карсли, кој по поразот на домашен терен од Грција (1-2) во Лигата на нации, беше жестоко критикуван од медиумите.

Тухел, кој со Челзи ја освои Лигата на шампионите во 2021 година, го напушти Баерн на крајот од минатата сезона, откако Баварците не успеаја да освојат трофеј за прв пат по 2012 година.

Како потенцијален англиски селектор се споменува и Пеп Гвардиола, кој е под договор со Манчестер Сити до крајот на јуни следната година. ег 

ФОТО: Икс

Остани поврзан