Вирџил ван Дaјк ќе потпише нов договор со Ливерпул до 2027 година
- Холанѓанецот Вирџил ван Дајк ќе го следи својот соиграч од Египет во Ливерпул, Мохамед Салах и ќе потпише нов договор со англискиот клуб.

Ливерпул, 11 април 2025 (МИА) - Холанѓанецот Вирџил ван Дајк ќе го следи својот соиграч од Египет во Ливерпул, Мохамед Салах и ќе потпише нов договор со англискиот клуб.
Договорот на дефанзивецот ќе биде до јуни 2027 година.
Договорот меѓу играчот и Ливерпул е веќе постигнат, а се очекува да биде потпишан многу брзо, пишува на социјалните мрежи трансфер експертот Фабрицио Романо.
Сите детали од договорот се прецизирани и одобрени од страна на адвокатите на клубот и на дефанзивецот, а Ван Дајк најверојатно ќе потпише пред крајот на сезоната. дс
Фото: Архива