Туск: Судирот меѓу Иран и Израел не води кон регионална, туку кон глобална војна
- Тој ги повика САД и Европа да ги здружат силите за запирање на понатамошната ескалација, нагласувајќи: „Сѐ уште не е доцна“.
Варшава, 13 јуни 2025 (МИА) – Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел може да прерасне во глобален судир, на ниво невидено по Втората светска војна.
„Судирот меѓу Израел и Иран се движи кон целосна војна во регионот, што може да ја дестабилизира целата планета. Не сме биле толку блиску до глобален конфликт уште од Втората светска војна“, напиша Туск на социјалната мрежа Икс.
Тој ги повика САД и Европа да ги здружат силите за запирање на понатамошната ескалација, нагласувајќи: „Сѐ уште не е доцна“. ссм/
фото: архива