• петок, 22 ноември 2024

Туск по поразот на локалните избори: Не се жалете, туку фатете се за работа

Туск по поразот на локалните избори: Не се жалете, туку фатете се за работа

Варшава, 8 април 2024 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск го призна поразот по победата на опозициската партија на локалните избори изминатиот викенд, што се смета за прв тест на неговата централно-левичарска влада по преземањето на функцијата кон крајот на минатата година, јави ДПА.

Во објава на социјалната мрежа Х, Туск рече дека е охрабрен од победите постигнати од неговата Граѓанска коалиција на поединечни места како што се изборите за градоначалник на Варшава и Гдањск, како и во некои регионални совети.

Тој ги објасни загубите со слабата мобилизација на младите гласачи и силниот одѕив на опозициската партија „Право и правда“ (ПиС) во руралните и источните региони.

„Која е суштината за нас? Не се жалете, фатете се за работа, напиша Туск.

Граѓанската коалиција на Туск остана на второто место со 31,9 отсто, објави Ипсос.

Официјалните конечни резултати се очекува да бидат објавени во среда. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан