• петок, 02 август 2024

Турција ја блокираше соработката меѓу НАТО и Израел поради војната во Газа

Турција ја блокираше соработката меѓу НАТО и Израел поради војната во Газа

Анкара, 1 август 2024 (МИА) - Во октомври Турција ја блокираше соработката меѓу НАТО и Израел заради војната во Газа, тврдејќи дека Алијансата не треба да работи со Израел како партнер додека не заврши конфликтот, рекоа извори запознаени со ова прашање.

Израел има статус на партнер на НАТО и негува блиски односи со воената алијанса и некои нејзини членки, особено со најголемата, Соединетите Американски Држави.

Турција, исто така, критикуваше бројни западни сојузници за нивната поддршка за Израел.

Извор кој сакаше да остане анонимен откри дека Турција ставила вето на сите ангажмани на НАТО со Израел од октомври, вклучувајќи ги и заедничките состаноци и вежби, бидејќи го смета израелскиот „масакр“ на Палестинците во Газа за кршење на основните принципи на НАТО.

Претходно оваа недела, израелскиот министер за надворешни работи ја повика алијансата да ја протера Турција откако Ердоган се закани дека ќе влезе во Израел, како што тоа го правеше во минатото во Либија и Нагорно-Карабах. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан