Турција пренесе критично повредени од пожарот во Истанбул
- Како одговор на итното барање на македонските власти, Турција испрати два медицински авиони за евакуација.

Истанбул, 17 март 2025 (МИА) - Тројца критично повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани синоќа беа пренесени во Турција со медицински авион на турското Министерство за здравство.
Авионот слета на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, каде што повредените беа префрлени во центарот за изгореници при болницата „Башакшехир Чам и Сакура“ за понатамошен третман, јави Анадолија.
Како одговор на итното барање на македонските власти, Турција испрати два медицински авиони за евакуација.
Првиот авион ги транспортираше тројцата повредени во Истанбул, додека вториот, управуван од турското Министерство за одбрана, пренесе уште шест лица во болницата „Билкент“ во Анкара за специјализиран третман.
Турскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, изрази сочувство и ја потврди подготвеноста на Турција да ѝ помогне на Северна Македонија, нагласувајќи дека земјата останува подготвена да обезбеди дополнителна медицинска помош доколку биде потребно. ssm/
фото: ЕПА