• петок, 26 јули 2024

Турнирот во Бризбејн се враќа во календарот по тригодишна пауза

Турнирот во Бризбејн се враќа во календарот по тригодишна пауза

Бризбејн, 28 ноември 2023 (МИА) – Втората тенисерка во светот, Белорусинката Арина Сабаленка, и четвртиот светски рекет Елена Рибакина од Казахстан, ќе ја отворат новата сезона 2024 со настап на турнирот во Бризбејн Интернешнл, кој служи како загревање за Австралија Опен, објавија денеска организаторите.

Најавено е учество и на поранешната најдобра светска тенисерка, Јапонката Наоми Осака.

Турнирот во Бризбејн, ќе се одржи во првата недела од јануари и се враќа во календарот по тригодишна пауза, предизвика од пандемијата на коронавирусот.

Последното издание се одржи во 2020 година кога триумфираше чешката тенисерка Каролина Плишкова. ег/јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан