• недела, 22 декември 2024

Тудор официјално го напушти Лацио

Тудор официјално го напушти Лацио

 

Рим, 6. јуни 2024 (МИА) – Хрватскиот тренер Игор Тудор го раскина договорот со Лацио по само три месеци на клупата на римскиот клуб.

„Игор Тудор поднесе оставка од функцијата тренер на првиот тим. Клубот му се заблагодарува за работата и му посакува се најдобро во личниот и професионалниот живот“, се вели во краткото соопштение на клубот објавено синоќа.

Според италијанскиот печат, кој вчера најави заминување на Тудор, поранешниот играч на Јувентус не се согласувал со челниците на клубот околу составот на неговиот тим и планираните засилувања.

Под водство на Тудор, кој го замени Маурицио Сари во средината на март, Лацио претрпе само еден пораз во Серија А со пет победи и три нерешени за да заврши на седмото место. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан