• петок, 22 ноември 2024

Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг

Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг

Лондон, 13 мај 2024 (МИА) - Тројца мажи се обвинети за соработка со надворешната разузнавачка служба на Хонг Конг по серијата апсења низ Англија, соопшти британската полиција.

На почетокот на месецот, според лондонската полиција биле приведени 11 лица, од кои речиси сите биле уапсени во Јоркшир, во северна Англија.

Подоцна денеска тројцата уапсени ќе се појават пред судот во Вестминстер. Седум мажи и една жена се ослободени од притвор бидејќи против нив не е покренато обвинение, додаваат од полицијата.

Доминик Марфи, шеф на антитерористичката команда на ЛМП, рече дека јавноста нема причина за загриженост бидејќи не гледа поширока закана за заедницата. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан