Тројца странци загинаа во пожар во хотел во популарна туристичка област во Бангкок
- Пожар избувна во хотел во близина на улицата Као Сан во Бангкок, популарна туристичка дестинација, при што загинаа тројца странци, а неколку други беа повредени, соопшти денеска тајландската полиција.

Бангкок, 30 декември 2024 (МИА) – Пожар избувна во хотел во близина на улицата Као Сан во Бангкок, популарна туристичка дестинација, при што загинаа тројца странци, а неколку други беа повредени, соопшти денеска тајландската полиција.
Трите лица кои загинаа во синоќешниот пожар се странски туристи, изјави претставник на полицијата. Едно лице е пронајдено мртво на лице место, а две починале на пат кон болница.
Пожарот избувнал на петтиот кат во шесткатниот хотел „Ембер“, соопшти полицијата.
Пожарот е изгаснат, а причината се истражува.
Улицата Као Сан е популарна улица за туристи во главниот град на Тајланд, позната по својот ноќен живот.
Во моментот на пожарот во хотелот имало 75 лица, седум се повредени меѓу кои двајца Тајланѓани и пет странци. јт/
Фото: ЕПА