Тројца ракометари од Мултиесенс префрлени во првиот тим на Алкалоид
- Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид пред почетокот на вториот дел од сезоната го збогати составот со тројца млади играчи.
Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) – Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид пред почетокот на вториот дел од сезоната го збогати составот со тројца млади играчи.
- По завршувањето на првиот дел од ракометната сезона во која РК Алкалоид го освои првото место во групата „А“ во македонската Суперлига со скор од 14 победи од 14 натпревари и дебитираше во EHF Европската лига, донесени се одлуки за одредени играчки промени што ќе бидат извршени во пресрет на плејоф-натпреварувањето.
Станува збор за јниорскиот репрезентативец Валентин Карасманакис кој игра на позицијата пивот, десното крило Мартин Димовски и голманот Виктор Василевски.
Во првото коло од плејофот кој стартува претстојниот викенд, Алкалоид на гостински терен ќе игра со екипата на Тинекс Пролет. зс/
Фото: РК Алкалоид