• вторник, 30 април 2024

Тројца повредени во судар на трамваи во Нов Белград

Тројца повредени во судар на трамваи во Нов Белград

Белград, 12 април 2024 (МИА) - Три лица се повредени во судар на два трамваи што се случи денеска во Нов Белград, јавија српските медиуми.

Трамвај на линијата 9 удри во трамвај на линијата 7 на постојката кај раскрсницата на улиците „Јуриј Гагарин“ и „Душан Вукасовиќ“.

Меѓу повредените се две постари лица и едно дете. 

Тие со Итна помош се пренесени во Клиничко-болничкиот центар Земун. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан