• петок, 27 септември 2024

Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје

Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје

Тетово, 19 ноември 2023 (МИА) - Три лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје што се случила околу 15 часот и 30 минути.

Во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот во близина на угостителски објект, се случила сообраќајката меѓу две патнички возила со тетовски таблички и тоа „фолксваген голф" управуван од 62-годишниот Ш.А. од тетовско Желино и „опел астра" што го управувал 58-годишниот тетовец Б.И.

-Во несреќата, возачот на „опелот" и сопатниците од „голфот"  Б.А.(27) и 19-годишната А.А. од Желино се здобиле со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово. ас/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан