• вторник, 11 март 2025

Тројца повредени во напад на воз во Пакистан, ранет и машиновозачот

Тројца повредени во напад на воз во Пакистан, ранет и машиновозачот

Исламабад, 11 март 2025 (МИА) - Најмалку три лица се повредени денеска во напад на воз во Пакистан, меѓу кои и машиновозачот.

Нападот се случил во близина на железничка станица во пакистанскиот град Дадар кога напаѓачите отвориле оган на возот „Џафар експрес“, јави пакистанската телевизија Сама.

Според првичните извештаи, возот бил во движење кога се случил нападот. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан