• сабота, 21 декември 2024

Тројца индиски војници загинаа при пукање во Кашмир

Тројца индиски војници загинаа при пукање во Кашмир

Сринагар, 5 август 2023 (МИА) - Тројца индиски војници загинаа во размена на оган со бунтовниците во Кашмир кои се борат против властите на Њу Делхи, соопштија денеска официјални лица.

Инцидентот се случил вчера во операцијата за пребарување на милитанти во шумите во јужната област Кулгам, се вели во соопштението.

Во размената на огнот со бунтовниците се наведува дека биле повредени тројца војници, кои подоцна им подлегнале на повредите.

Операцијата продолжи во областа, соопшти војската, но не даде други детали.

Бунтовниците во делот на Кашмир под контрола на Индија се борат против владеењето на Њу Делхи од 1989 година. Мнозинството муслиманско население во Кашмир ја поддржува целта на бунтовниците за обединување на територијата на сојузната држава, било под пакистанска власт или како независна држава. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан