ЕУ и Велика Британија постигнаа договор за статусот на Гибралтар
- Европската унија и Велика Британија постигнаа договор за статусот на Гибралтар, што ќе го олесни прекуграничното тргување и патувањето до спорната територија, изјави денеска комесарот на ЕУ за трговија, Марош Шефчович.
Брисел, 11 јуни 2025 (МИА) - Европската унија и Велика Британија постигнаа договор за статусот на Гибралтар, што ќе го олесни прекуграничното тргување и патувањето до спорната територија, изјави денеска комесарот на ЕУ за трговија, Марош Шефчович.
Во објава на социјалните мрежи, Шефчович го нарече ова „историски значаен момент“.
„Постигнат е политички договор меѓу ЕУ и Велика Британија за идните односи во врска со Гибралтар. Ова им користи на сите и зацврстува ново поглавје во меѓусебните односи“, објави Шефчович. зш/