• недела, 24 ноември 2024

Трошоците на живот лани зголемени за 9,4 проценти

Трошоците на живот лани зголемени за 9,4 проценти

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Трошоците на живот лани во однос на 2022 година биле зголемени за 9,4 проценти, а цените на мало за 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во декември, трошоците на живот се зголемени за 0,2 проценти во споредба со ноември, а цените на мало за еден процент. 

Пораст на индексите е забележан во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13,6 проценти, ресторани и хотели за 12,7 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 11,7 проценти, разновидни стоки и услуги за 11,6 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 10,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8 проценти.... 

Намалувањето има кај свежото и разладеното овошје, рибата и морските плодови, течните горива за домаќинствата, услугите за сместување, парамедицинските услуги, растенијата и цвеќињата, малите електрични апарати за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства,....

Кај цените на мало, пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустриско-прехранбени производи за 12,5 проценти, Пијалаци за 9,7 проценти, Земјоделски производи за 8,5 проценти, Услуги за 6 проценти и Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 5,3 проценти.

Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 3,6 проценти, а цените на мало за 3,7 проценти. бак/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан