• петок, 10 мај 2024

Тркалезна маса „Мали бизниси во сопственост на жени во Пелагонискиот регион“

Тркалезна маса „Мали бизниси во сопственост на жени во Пелагонискиот регион“

Битола, 6 март 2024 (МИА) - Во Битола денеска ќе се одржи тркалезна маса „Мали бизниси во сопственост на жени во Пелагонискиот регион“ во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола и Europe House Bitola.

Целта на тркалезната маса, како што соопштија одрганизаторите, е да го промовира женското претприемништво пред младите жени, но и да ги вмрежи младите жени со сопственичките на бизниси.

На тркалезната маса најавено е учество на 15 млади жени и пет успешни претприемачки од Битола, Прилеп, Крушево и Могила. Панелистките ќе ја презентираат пред присутните нивната успешна бизнис приказна, како започнале во бизнисот и со какви предизвици се соочиле. По излагањата ќе се отвори дискусија со присутните.цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан