• недела, 22 декември 2024

Три тимови од Формула 1 се соочуваат со санкции поради пречекорување на лимитот за трошење во 2022 година

Три тимови од Формула 1 се соочуваат со санкции поради пречекорување на лимитот за трошење во 2022 година

Лондон, 19 јули 2023 (МИА) - Во наредните недели, ФИА треба да ја заврши својата анализа на финансиските извештаи на тимовите во Формула 1 за 2022 година.

 

Според италијанското издание на „Motorsport“, Федерацијата ќе ја заврши анализата на документите до крајот на јули. Се тврди дека постојат „основани сомнежи“ дека сите тимови постапиле во рамките на финансиските прописи. Се претпоставува дека во 2022 година три тима од десет ја надминале границата на трошење.

 

Во 2021 година, плафонот за трошење беше надминат од Ред Бул, кој беше казнет со парична казна од 7 милиони долари и 10 проценти намалување на часовите за аеродинамичко тестирање за развој на автомобил.

 

Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, повика да се продолжи со изрекување спортски казни за прекршителите. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан