• петок, 22 ноември 2024

Три лица загинаа во терористички напад во Кабул

Три лица загинаа во терористички напад во Кабул

Кабул, 10 јануари 2024 (МИА) - Три лица загинаа, а четворица се повредени во терористички напад во главниот град на Авганистан.

„Комбе експлодираше во 16-та полициска област во Кабул, при што загинаа три лица, а четворица се повредени“, изјави портпаролот на полицијата Калид Задран, пренесува Еј-би-си њуз.

Тој изјави дека припадниците на полицијата веќе уапсиле едно лице за кое постои сомнеж дека е вмешано во овој терористички напад.

Никој веднаш не ја презеде одговорноста за нападот, но огранокот на терористичката Исламска држава (ИД) во регионот во минатото често ги напаѓаше шиитите, кои ИД ги смета за отпадници.

Ова е втор ваков напад во Кабул за една недела. Во саботата пет лица загинаа, а 15 беа повредени кога терористите на Исламската држава разнесоа минибус. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан