• недела, 22 декември 2024

Радев: Не гледам дека на Бугарија и се заканува уставна криза

Радев: Не гледам дека на Бугарија и се заканува уставна криза

Софија, 22 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска изјави дека не очекува уставна криза, бидејќи бугарската уставна рамка обезбедува континуитет во управувањето, дури и со политички неутрална влада. Радев ова го изјави за време на неговата работна посета во Сингапур, од каде што ќе замине на официјална посета во Виетнам, јави БТА.

Тој нагласи дека актуелната влада се наоѓа во сложени услови, без политичка поддршка, што ја отежнува нејзината работа. - Без стабилна влада, разни хиени можат да ја злоупотребат ситуацијата, предупреди Радев.

Шефот на бугарската држава посочи дека изборот на претседател на парламентот е клучен чекор кон стабилност.

Бугарскиот Парламент ниту во петиот обид денеска не успеа да избере свој претседател. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан