• недела, 24 ноември 2024

Трипуновски: Николовски предлага на Собранието да не го донесе законот за оризот да биде стратешка култура

Трипуновски: Николовски предлага на Собранието да не го донесе законот за оризот да биде стратешка култура

Скопје, 12 април 2024

Николовски повторно лаже, тој дал негативно мислење на Владина седница и предлага на Собранието да не го донесе законот за отизот да биде стратешка култура.

Во самото мислење се вели, цитирам: „Треба да се има предвид дека предложениот закон ќе предизвика фискални импликации, односно ќе бидат потребни финансиски средства за набавка на оризот, како и за чување и обновување, кои Агенцијата за стокови резерви ги нема обезбедено со тековните програми, што што Владата на Република Македонија му предлага на Собранието да не го донесе законот.“

Дополнително:

1. Не е сменета среднорочната програма за стоковни резерви.
2. Не е сменета "Уредбата за начинот за утврдување на максималните количини и вредности на загубите во поглед на хемиските и физичките својства на стоката преку кало, растур, кршење, расипување и евапорација во работењето со стоковните резерви".
3. Не е сменета "Уредбата за утврдување на висината на надоместокот на трошоци на складиштарите за складирање, чување и обновување на стоковните резерви".
4. Повторно нема предвидено средства и не е планирана набавка на оризова арпа во 2024 во годишниот план на АСР.

БЕЗ ОВИЕ ИЗМЕНИ И СРЕДСТВА СЕ Е ПРЕДИЗБОРЕН ПОПУЛИЗАМ‼️

Во прилог и Мислењето од Владината седница.

Дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан