• четврток, 19 декември 2024

Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа

Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа

15 декември 2024 

„По серија на состаноци кои што ги организираше премиерот заедно со тутунските здруженија, со откупувачите, се постигна една цена која што е во задоволство на тутунарите, а тоа е да првата класа се откупува за 400-тини денари. Имаме  покачување од 375 денари на 400 денари“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиуми од денешниот настан „Пчеларски ден-знаење и дружење 2024“.

„Субвенцијата за првата класа на тутун од 80 денари ја покачивме на 100 денари“, нагласи министерот Трипуновски.

Тој во својата изјава за медиуми додаде дека се дојде до една заокружена цена од 500-тини денари што е со широко задоволство прифатено од тутунарите.

„Со ова покажуваме дека навистина оваа гранка ни е многу важна и од социјален и од економски аспект“, посочи тој.

Министерот истакна дека оваа мерка беше поздравена и од Сојузот на тутунарите.

Линк од видео материјал: https://we.tl/t-XbZvAbFsX8?utm_campaign=TRN_TDL_05&utm_source=sendgrid&utm_medium=email&trk=TRN_TDL_05

 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан