• вторник, 25 март 2025

Трето место за ученици од СОУ ,,М.М.Брицо" Делчево на меѓународниот ораторски натпревар Balkan Voices 2025

Трето место за ученици од СОУ ,,М.М.Брицо

Делчево, 25 март 2025 (МИА) - Тим на оратори од делчевската гимназија ,,Методи Митевски - Брицо" го освои третото место на Меѓународниот натпревар по ораторство Balkan Voices 2025, што се одржа во американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија. Како што информираа од гимназијата, учениците од Делчево неколку години по ред се меѓу најдобрите на овој престижен натпревар.

-И оваа година тимот на оратори се претстави со одлични резултати на меѓународниот натпревар по ораторство Balkan Voices 2025 кое се одржа во американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, од 14 до 16 март 2025 година. Оваа информацијата ја соопштуваме неколку дена по одржувањето, бидејќи знаеме сите дека имавме Денови на жалост поради трагичната несреќа во Кочани, истакнаа од делчевската гимназија.

Во рамки на Меѓународниот натпревар, како што додадоа од гимназијата, учениците  учествувале во сите предвидени активности и видови на натпревари меѓу кои Оригинално ораторство и Вонредни говори. 

-Двајца ученици се пласираа во полуфинале, а ученикот Лука Стоименовски го освои бронзениот пехар за трето место во категоријата на Extemporaneous Speeches (Вонредни говори). Тимот од натпреварувачи – Јована Димитровска од втора година, Лука Стоименовски од трета година и Ана Ангеловска од четврта година од СОУ „Методи Митевски – Брицо“, беа придружувани од јуниорски претставник и логистика Амелиа Џемал од осмо одделение од „Св. Климент Охридски“, ко-менторот Амелиа Џонстон, волонтер на Мировниот Корпус и тренер-менторот проф. Желеанка Демирова, додадоа од СОУ ,,М.М.Брицо" Делчево.    

Минатата година претставници на делечвската гимназија го освоија првото место, а од училиштето изразија благодарност до целиот тим што и оваа година имаа успешното претставување на ваков престижен натпревар. вс/


Фото: МИА
 

Остани поврзан