• сабота, 27 јули 2024

Трета форумска сесија во Крива Паланка, граѓаните даваат предлози за програмите за 2024

Трета форумска сесија во Крива Паланка, граѓаните даваат предлози за програмите за 2024

Крива Паланка, 24 ноември 2023 (МИА) - Општина Крива Паланка денеска ја организираше третата форумска сесија од буџетскиот процес за родово-одговорно планирање на општинскиот буџет за 2024 година.

На денешната сесија граѓаните проследија презентација на расходи  по  годишни оперативни  родово-одговорни  буџетски програми по кои присутните дискутираа, доставија предлози за интегрирање во буџетот за следната година.

Одговорните раководители од одделенијата во локалната самоуправа ги претставија програмите за: економски развој, култура, уредување градежно земјиште, изградба, реконструкција, одржување и заштита на локална патна мрежа, изградба, реконструкција и одржување на локална, водоводна и канализациска мрежа, изградба, реконструкција и одржување на мрежата за јавното осветлување, а по соодветните програми се одржаа дискусија и родова анализа на предлозите од граѓаните.

Спроведувањето на форумски процес за носење на буџетот на Општина Крива Паланка е пракса што се реализира повеќе години во континуитет.

-Годинашниот форумски процес започна во првата недела од ноември и заклучно со први декември ќе се одржат вкупно четири форумски сесии на кои ќе се подготви предлог- буџетот на општината за 2024 година и ќе се достави на усвојување на Советот на општината во декември 2023 година. Целта на форумскиот процес е зајакнување на граѓанското учество во одлучувачките процеси на локално ниво низ транспарентен начин да обезбеди родово одговорна алокација на буџетските средства, водејќи сметка за различните потреби  и приоритети на граѓаните и граѓанките, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

На претходните форумски сесии граѓаните  се запознаа со седум оперативни родово-одговорни буџетски програми за 2024 година.

Следната форумска сесија е закажана за наредниот петок. ид/мд/

 

 

Остани поврзан