• четврток, 26 декември 2024

Трета конференција за здравство, организирана од комитетот на здравство во рамки на Американската стопанска комора

Трета конференција за здравство, организирана од комитетот на здравство во рамки на Американската стопанска комора

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Третата конференција за здравство, организирана од комитетот на здравство во рамките на Американската стопанска комора во Северна Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје.

Како што појаснуваат организаторите, годишната тема на конференцијата е „Поттикнување на општествената вредност преку здравствена заштита“, а цел ќе биде да ги истражи значајните опшествени влијанија од инвестициите во здравството.

На настанот предвидено е учество на повеќе владини претставници, лидери од индустријата, здравствени професионалци, академска јавност и меѓународни организации, кои ќе ги адресираат клучните прашања и потребни чекори во унапредување на здравствената заштита во државава. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан