• четврток, 26 декември 2024

Новоизбраните судии на Апелациониот суд Гостивар, Хамзаи и Азари дадоа свечена изјава

Новоизбраните судии на Апелациониот суд Гостивар, Хамзаи и Азари дадоа свечена изјава

Скопје, 26 декември 2024 година (МИА) - Во просториите на Судскиот совет на Република Северна Македонија, новоизбраните судии на Апелациониот суд Гостивар, Јетмир Хамзаи и Абдула Азари, денеска дадоа свечена изјава.

Пред заменик претседателот и членовите на Судскиот совет, судиите ја потврдија својата посветеност кон правдата и законитоста во својата нова улога.

Хамзаи и Азари беа избрани на оваа позиција на 504-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија, одржана на 6 ноември 2024 година. Хамзаи беше прворангиран на кандидатската листа, а веднаш зад него, како второрангиран беше Азари. Двајцата добија потребното мнозинство гласови од Судскиот совет, со 13 гласа „за“.ар/аа/
Фото:МИА 

Остани поврзан