• четврток, 26 декември 2024

Сообраќајот во зимски услови, снег провејува на патот Ресен-Крушево и на планиските премини Ѓавато и Плетвар

Сообраќајот во зимски услови, снег провејува на патот Ресен-Крушево и на планиските премини Ѓавато и Плетвар

Скопје, 26 декември 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Слаб снег што не се задржува на коловозот провејува во Ресен, на патот Ресен-Крушево и на планиските премини Ѓавато и Плетвар. 

Од ЈП Македонија пат информираат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Потсетуваат дека има забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Со целокупната расположива механизација и работна сила, екипи на ЈП Македонија пат се вклучени во расчистување на патиштата.

Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. цр/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан