Тренчевска: Со UNFPA броиме пет години успешна соработка
- Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и извршната директорка на UNFPA Диен Кеита на денешната средба разговараа за прашањето за родовата еднаквост со особен акцент на анти-родовите движења кои се особено актуелни во регионот во изминатиот период, известуваат од МТСП.

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и извршната директорка на UNFPA Диен Кеита на денешната средба разговараа за прашањето за родовата еднаквост со особен акцент на анти-родовите движења кои се особено актуелни во регионот во изминатиот период, известуваат од МТСП.
- Тренчевска зборуваше за целта на Регионална конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“ која се одржа во Република Северна Македонија. Таа посочи на чекорите кои во иднина треба да бидат преземени во насока на поголема родова еднаквост и повеќе можности на жените во сите општествени сфери, велат од МТСП.
На средбата било истакнато дека токму сега кога има поголема циркулација на анти-родовите движења потребно е да се зборува гласно за родово базираното насилство.
-Да се охрабруваат жените и девојките на поголема економска независност и да се поттикнуваат на поголемо општествено учество, нагласуваат од МТСП.
На крајот од средбата биле истакнати намерите за продолжување на соработката во истиот интегритет како досега. ир/са/
Фото: МТСП