• петок, 22 ноември 2024

Тренчевска се сретна со претставници на Занаетчиската комора

Тренчевска се сретна со претставници на Занаетчиската комора
Скопје, 14 февруари 2022 (МИА) - Министеркатa за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Занаетчиската комора кои ја информираа за предизвиците со кои се соочуваат со новото законско решение „недела неработен ден“ и потребата од работа во недела на фризерите, козметичарите и одредени пекарски и слаткарски производители. Според нив, со работа во недела на одредени занаетчиски дејности, ќе се овозможи да се заштитат и интересите на занаетчиите  и на државата од  сивата економија. Тренчевска посочила дека Министерството за труд и социјална политика ќе го разгледа предлогот на Занаетчиската комора. -Законското решение недела да биде неработен ден се имплементира само месец и половина. Очекувам праксата да покаже какви се ефектите. Како Влада и како Министерство ќе направиме дополнителни анализи за да утврдиме дали е постигната целта 92 отсто од работниците да не работат во недела, а оние 8 отсто кои работат во техничко – технолошкиот процес кој не може да се прекине во недела да добиваат 50 проценти повисока дневница, рекла Тренчевска. Законското решение „недела неработен ден“ започна да се имплементира од почетокот на годинава. сст/дма/

Остани поврзан