• недела, 22 декември 2024

Трајков: Нашата дијаспора е важен и нераскинлив дел од нашата татковина 

Трајков: Нашата дијаспора е важен и нераскинлив дел од нашата татковина 

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Нашата дијаспора е важен и нераскинлив дел од Македонија, истакна заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков по средбата со претставници од Обединета македонска дијаспора, водечката организација на Македонците надвор од татковината. 

Како што информира Министерството за европски прашања, на заедникиот состанок се разгледаа повеќе иницијативи за проширување на ангажманот на дијаспората во стратешки области како што се образованието, економскиот развој и културата. 

Трајков, како што се наведува, истакна дека Обединетата македонска дијаспора може значително да придонесе за промоција на Македонија на меѓународната сцена, со цел зајакнување на економските и културни врски со државите каде што живеат Македонците. Таа го потенцирала значењето на заедничките проекти и повикала на засилено партнерство во промоција на Македонија, како алатка од исклучително значење.

- Со овој состанок беше подготвена основа за понатамошна соработка меѓу Министерството за европски прашања и Обединетата македонска дијаспора, при што двете страни се согласија дека ангажирањето на дијаспората може да има значајна улога во поддршка на реформските процеси и во зајакнување на позицијата на Македонија на патот кон европска интеграција, се наведува во соопштението. мд/са/

Фото: Министерство за европски прашања

Остани поврзан