Трамп предложи виза „златна карта“ од пет милиони долари за богати имигранти
- Американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите за нова програма за визи со која ќе се доделат права за постојан престој во САД за такса од пет милиони долари.

Вашингтон, 26 февруари 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите за нова програма за визи со која ќе се доделат права за постојан престој во САД за такса од пет милиони долари.
Говорејќи во Белата куќа, Трамп рече дека таканаречената „златна карта“ ќе привлече богати луѓе кои би можеле да придонесат во економијата.
- Богати луѓе ќе влезат во нашата земја со купување на оваа карта. Тие ќе бидат богати и ќе бидат успешни, ќе трошат многу пари и ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе, изјави Трамп.
На прашањето дали може да се пријават и руски олигарси, Трамп одговори: „Можно е“, додавајќи дека може да замисли и олигарси да бидат меѓу заинтересираните. „Мислам дека можат да си дозволат пет милиони долари“, додаде тој.
Трамп рече дека програмата ќе почне за околу две недели и е наменета да ја замени постоечката инвеститорска виза EБ-5, а истовремено да понуди и пат до државјанство. јт/
Фото: ЕПА