• четврток, 26 март 2026

САД одбија да се приклучат на заедничката изјава на Светската трговска организација која ја осудува руската агресија во Украина

САД одбија да се приклучат на заедничката изјава на Светската трговска организација која ја осудува руската агресија во Украина

Женева, 26 февруари 2025 (МИА) - Соединетите држави денеска одбија да се приклучат на заедничкиот став во Светската трговска организација (СТО) со кој се осудува руската агресија во Украина, изјави дипломатски извор и бизнис претставник во Женева.

Ова е првпат САД да не ја поддржат изјавата, која се објавува секоја година од руската инвазија во февруари 2022 година. Ова е уште еден сигнал за затоплување на односите меѓу САД и Русија.

Повеќе од 40 земји-членки на СТО се приклучија на изјавата, која беше претставена на состанокот за преглед на украинската трговија. Меѓу нив се земјите од Европската унија, Обединетото Кралство, Канада и Австралија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан