• среда, 15 април 2026

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Вашингтон, 26 март 2026 (МИА) - Неодговорната војна на американскиот претседател Доналд Трамп во Иран веќе ги принудува Американците да прескокнуваат оброци или да штедат на храна - предупреди лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер.

Тој за „Икс нетворк“ изјави дека растечките цени на храната им отежнуваат на семејствата со ниски приходи да ги хранат своите деца, особено бидејќи промените на Трамп во програмата СНАП стапуваат во сила в година.

„Американците веќе прескокнуваат оброци поради неодговорната војна по избор на Трамп во Иран, а ова е само уште еден пример за тоа како неговиот хаос го отежнува обезбедувањето храна“, рече тој. мс/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан