• четврток, 26 март 2026

Шмихал: Нацрт-договор за минерали со САД е формулиран на таков начин Украина да добие безбедносни гаранции

Шмихал: Нацрт-договор за минерали со САД е формулиран на таков начин Украина да добие безбедносни гаранции

Киев, 26 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот премиер Денис Шмихал презентираше денеска нацрт-договор за ретки метали со САД и изјави дека нацртот е формулиран на таков начин Вашингтон да ги поддржи напорите на Киев да добие безбедносни гаранции.

Како што јавија агенциите, Шмихал не објасни за какви безбедносни гаранции станува збор.

Шмихал додаде дека украинската Влада ќе го одобри нацрт-договорот подоцна денеска за да може да биде потпишан што е можно поскоро, при што се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски во петок во Вашингтон да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан